x

На Алиоски и Лидс им треба уште еден бод за промоција во Премиер лигата!

Лидс Јунајтед е уште поблиску до пласман во Премиер лигата. Во денешното јоркширско дерби „белите“ славеа над Барнсли со 1:0 со автогол на Солбауер во 28 минута, а тој погодок им ги донесе трите бода. Македонскиот интернационалец Езџан Алиоски влезе во игра во 49 минута.

Лидс е прв на табелата па му треба уште еден бод од преостанатите две средби за да го завери билетот за најсилната англиска лига. Лидс е прв со 87 бода, пет повеќе од вториот ВБА, а шест повеќе од третиот Брентфорд.

Лидс Јунајтед на тоа чека дури 16 години, а се чини на тоа ќе му дојде крај оваа сезона. Во преостанатите две кола Лидс ќе игра со Дерби Каунти во гости и со Чарлтон на домашен терен.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата