x

Најцрното ЕХФ-сценарио: Вардар без борба да ја предаде титулата?

Додека трае хаосот со коронавирусот, никој не знае точно кога ќе продолжат првенствата. Кога сме кај ракометот во центарот на вниманието е завршницата во Лигата на шампионите, натпреварување кое за Македонија и тоа како е важно.

Вардар е бранител на титулата, стигна до осминафиналето каде го чека битка со Пик Сегед. Од ЕХФ нема официјална потврда околу начинот на кој екипите би стигнале до Ф4 во Келн доколку пандемијата коронавирус трае подолго од очекуваното.

Добро е познато дека постојат два термини за одигрување на завршниците во женска и машка конкуренција. Доколку на крајот на мај нема услови за фајнл-фор, истиот ќе биде одложен за август (20-22).

Втората варијанта не му оди во прилог на Вардар, ова може да биде најлошото сценарио за македонскиот и европски првак. Неофицијално „црвено-црните“ без битка ќе го предадат тронот за кого би се бореле тимовите кои се на првите две места во групите А и Б, во случајов Барселона, ПСЖ, Кил и Веспрем.

Тренерите и клубовите испраќаат најразлични предлози, но последниот збор ќе го има ЕХФ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата