Нивниот живот понекогаш навистина и изгледа како на филм бидејќи многу од нив зад себе имаат непрегледен број бракови и деца.
Природната убавина на филмските диви од минатиот век денеска е недостижна, бидејќи Холивуд е полн со силиконски квази убавици. Облините на Мерилин Монро кои во тоа време се сметале за совршенство, денеска тешко би поминале во светот на филмот. Примери на класична убавина во светот на филмот денеска има сў помалку бидејќи развојот на медицината филмските ѕвезди ги претвори во пластика која оди.

Ава Гарднер статусот на ѕвезда го достигна во 50-години на минатиот век. Улогите во филмовите “Снеговите на Килимаџароè и “Сонцето повторно се раѓаè и ја одбележаа кариерата. Приватниот живот Ј го одбележаа многуте бракови, а еден од мажите и беше и легендарниот Френк Синатра кој ја доведе на раб на алкохолизам. Умре 1990 година во Лондон.

Мерилин Монро најпознатата русокоса на светот (природна бринета) детството го минала во сиромаштија, но за својот краток живот достигна статус на светска ѕвезда. Искористувана од мажите поради убавината Мерилин своите способности ги докажа во филмот “Џунгла на асфалтотè, “Ниагараè и многу други. Своите атрибути ги покажа сликајќи се за првиот број на магазинот за мажи “Плејбојè. Поради тој чин цел живот ќе ја следи глас дека е празноглава секс-бомба. Љубовница на браќата Кенеди, жена на писателот Артур Милер, умрела сама и напуштена во хотелска соба 1962 година. Мистеријата за нејзината смрт до денес не е разоткриена.

Рита Хејворт сместена е меѓу 25 најдобри актерки во историјата на Холивуд. Оваа професионална танчарка најголем успех доживеа со филмот “Гилдаè кој ја лансира во самиот врв на Холивуд. Прекарот “Божествоè го добила по сликите во магазинот Лифе каде лежи во кревет. Велела: “мажите одеа в кревет со Гилда, ама се будеа со менеè. Умре 1987 година .

Марлен Дитрих била првата германска актерка која е номинирана за Оскар. Оваа забавувачка, актерка и танчарка најголем успех постигна со филмот “Син ангелè. За време на Втората светска војна отворено се спротивставила на нацизмот и ја снимила песната “Лили Марленè која стана светски хит, особено меѓу сојузничката војска. Марлен е првата актерка која ги отфрли фустаните и парадирала облечена во машки костум и со цигара. Оваа најпозната танчерка умре 1992 година.

Одри Хепберн една од најубавите актерки која некогаш се појавила на филмското платно и зад себе остави завидни улоги. “Појадок кај Тифаниè, “Празник во Рим ја направија ѕвезда. Со Оскар наградената Одри по филмската кариера се посвети на хуманитарна работа помагајќи им на децата од загрозените земји, поради што УНИЦЕФ ја порогласи за амбасадор на добрата волја. Се мажела три пати, а умре 1993 година во болница во Лос Анџелес од редок вид на рак на цревата.

Брижит Бардо една од најголемите француски филмски ѕвезди денеска е длабоко навлезена во 70-тите години на животот. Се прослави со улогата во филмот “И Бог ја создаде женатаè и влезе засекогаш во историјата како секс симбол. Брижит за време на кариерата три пати се обидувала да се самоубие, бидејќи љубовните јадови и животот под лупа на јавноста си го земале својот данок. На врвот на кариерата се повлекува од светот на филмот и се посветува на борбата за права на животните. Големата дива преживеа рак на дојката, коешто детално го опиша во биографијата.

Елизабет Тејлор е добитничка на два Оскара. Филмската кариера ја почнува како мало девојче во филмот “Леси се враќа домаè. Влезе во историјата како прва актерка која за улога добила милион долари, овој износ го доби за улогта на Клеопатра, каде партнер и беше нејзината најголема љубов Ричард Бартон за кој се мажеше два пати. Зад себе има седум брака. Посветена е на борбата против сидата, а нејзинот богатство по смртта ќе биде донирано во хумани цели за борба против сидата.

Софија Лорен е една од последните убавици кои загазиле во седумдесеттата, а уште се држи добро, па дури и се разголи за календарот на Пирели. Софија е првата Италијанка која добила Оскар и тоа за филмот “Две жениè. Нејзиниот талент бил открен од нејзиниот маж Карло Понти кој ја лансира во самиот актерски врв. Таа вели дека да се биде секси значи да имаш 50 проценти сексапил, а 50 проценти она што луѓето мислат дека го имаш.