x

Најстариот син на Меси е голем фан на Кристијано Роналдо

Лионел Меси и Кристијано Роналдо повеќе од десет години доминираат на фудбалската сцена, сигурно уште долго време ќе имаа дискусии кој е подобар.

Но, навор од теренот тие имаат многу добар однос, што пак е изненадување за многумина.

Меси во една прилика откри дека неговиот најстар син, Тиаго многу сака да го гледа Роналдо, тој е негов голем фан.

„Тиаго многу го разбира фудбалот, исто и Матео. Тиаго сака да зборува со Суарез со кого најмногу се дружиме, како и со останатите играчи на Барселона. Сака да го гледа Роналдо, тој е негов голем фан. Тука се Нејмар и Мбапе. Ми поставува доста прашња“, изјави Меси.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата