Семејството на Шабан Шаулиќ е во целосен шок по веста за неговата трагична смрт во сообраќајна несреќа во Германија.

Властите во Германија најавија обдукција на телото за четврток, па затоа се уште не се знае кога ќе се одржи погребот на пејачот.

Неговата најстара ќерка Санела на својата мајка и забрани погребот да се одржи на 21 февруари бидејќи на тој датум таа го прославува својот роденден и не сака да го памети како најтажниот ден во својот живот.

-Планот првенствено беше  комеморацијата да се одржи во четврток, па веднаш било јасно дека тој ден нема да се одржи погребот. Санела веднаш штом се поврати од шокот и кажа на својата мајка дека тој ден мора да го прескокнат. Не сака роденденот да го памети по погребот на својот татко, вели избор близок до семејството.