Тие, исто така, играат важна улога и во оставањето на прв впечаток на другите луѓе – во работата или приватно. Исто така, многу жени со добар вкус тврдат дека ги оценуваат мажите по нивните чевли – тоа е првото нешто во кое тие се загледуваат. Едноставно кажано, добрите чевли се одлична инвестиција.

Во светот на богатите меѓу најзвучните имиња кои ги снабдуваат со обувки секако се наоѓа името на Олга Берлути. Чевлите скроени по нејзините нацрти чинат помеѓу 2000 и 85.000 долари и без сомнение претставуваат најскапи машки чевли на светот. И покрај цената (или пак благодарение и на неа) г-ѓа Берлути постојано има полни раце работа, а понудата едвај успева да ја покрие побарувачката. Секој чифт чевли на оваа легендарна париска креаторка претставува, своевидно уметничко дело.
Берлути вели: ,,Ги обожавам машките стапала и уживам во тоа за нив да ги правам најубавите чевли на светот. Овие чевли излегуваат од работилниците на најдобрите светски чевлари, а се изработуваат од најквалитетна кожа.è
Помодарство, глупост или нешто трето, Олга Берути самоуверено и со сигурност препорачува чевлите со оглед на нивната скапоценост, да се чистат исклучиво со крпа од најмека биволска кожа и тоа натопена во шампањ.
На споменатата клиентела ова, веројатно, и нема да Ј претставува проблем, ако се има предвид кој во минатото и сега тоа го прави. Во клубот Берлути членувале: Џон Кенеди, Аристотел Оназис, Енди Ворхол, Пабло Пикасо, Салвадор Дали… актерите Бен Кингсли и Јул Бринер носат исклучиво обувки Берлути.
А сигурно се прашувате кој го има најскапиот чифт чевли изработен по нацртите на Олга Берлути? За свеченоста на своето крунисување, поранешниот император Бокаса од Централно Африканската Република нарачал од неа чифт чизми украсени со вистински бисери. Тие чинеле цели 85.000 долари.
Олга Берлути не е првата во своето семејство која прави чевли. Талентот го наследила од својот татко:, ,Чевлите на Џон Кенеди ги правеше мојот татко. Беа класични, црни, со врвки. Оназис, пак, најчесто бил презафатен со обврски, па ги сакал мокасините кои се меки и лесно се облекуваат и соблекуваат, а удобни се и кога се носат на боса ногаè.
Новите нарачки Олга ги прима во париската работилница на својот татко, стара над 70 години. Процедурата е следна: прво, при земањето мерка, со своите раце ги опипува стапалата на секој клиент, а потоа ги слуша сите негови потреби и барања кои се најразлични – од сосема едноставни, до оние хировитите својствени за богаташите. “Некои дури бараат платинести копчиња со дијаманти или брошеви со скапоцени камчиња,è вели Олга.
Чевларите на Олга со своите остри скалпели, и прецизна работа, повеќе потсетуваат на хирурзи отколку на занаетчии додека ја сечат кожата и ја зашиваат со најфините конци. По шиењето чевлите се гланцаат, сў додека не светнат ,,како дијамантиè.
Околу 120 среќници и обожаватели на творбите на Олга се зачленети во ,,Клубот на лебедитеè, чии членови се собираат еднаш годишно во еден париски ресторан. Се вели дека мажите кои членуваат во овој клуб ги чистат своите чевли со специјални, фини, венециски крпи и ги изложуваат на светлината на полна месечина. Но ова е лага! Младата месечина е она што е важно – вели Олга. Месечината Ј дава транспарентност на кожата. Сонцето ја гори, а месечината ја прави таа да сјае. Луксузот и богатството се заедничките именители на сите членови на клубот, на чиј собир се пушат најскапите цигари, а шампањот немилосрдно се троши на чистењето на чевли. ,,Понекогаш употребувам и добар коњакè – вели Олга Берлути.
Во светот на Олга, врската меѓу мажот и чевлите е комплексна. Чевлите ве покоруваат и ве вдомуваат и вие ги покорувате и ги вдомувате исто така, исто како скротување на диво животно. Тие откриваат нешто ново, нешто неочекувано во вас.
Олга ги обожава машките стапала – што е страст, а не фетиш. “Тоа не се само грди стапала. Тие се спиритуални. Му овозможуваат на мажот да застане. Ги ослободуваат неговите раце. Сега тој може да погледне кон ѕвездитеè – вели Големата дама на чевлите.