Београѓани и сите оние кои дошле во српската престолнина за дочек на Нова година можеле да уживаат во разновидната музичка програма.

Додека за добра забава во центарот на градот биле задолжени Лепа Брена и Маја Беровиќ, кои пееле пред Собранието на Србија, останатите ѕвезди настапувале по хотели, ресторани и клубови.

Цеца пеела, Врањеш зведувал! Фудбалерот Огњен Врањеш дошол во Србија да ја помине Новогодишната ноќ и тоа ни малку ни повеќе со Цеца РАжнатовиќ. Тој во друштво со своите пријатели меѓу првите се појавил во престижниот хотелот во кој пејачката настапувала, и не ги жалел парите да биде блиску Цеца, било јасно зошто одбрал наскапа маса која е блиску до бината.

Штом се сместил, почнал да наздравува со друштвото и не криел дека е одлично расположен. Фудбалерот цело време се смеел и играл со хитовите на фолк дивата, а во неколку наврати му дошле девојки да се фотографираат со него. И додека Ражнатовиќ пеела до раните утрински часа, Врањеш со нејзините песни го заведувал понежниот пол, со што нема сомнеж дека тие двајца биле одличен тандем за најлудата ноќ.

Пејачката Рада Манојловиќ настапила во еден белгратски клуб со колегата Бобан Рајовиќ, а фолкерката се потрудила да ја одушеви публиката не само со гласот туку и стајлингот. Имено, Рада носела фустан кој бил отворен од сите страни, со што и се гледала белата танга, но во еден момент и светнала и голата задница.

Милица “мешала“ со Кеба!

Милица Тодоровиќ и Драган Којиќ Кеба пееле на еден белгратски сплав, каде што направиле одлична атмосвера. Пејачката носела комбенизон со перли и цело време мешала со колковите пред постариот колега, кој се потрудил да го следи ритамот.

Дара Бубамара ја чувал бившиот сопруг од додворувачи Дара влегла во Нова година подготвена за нова љувов, а дека старата заборав нема, покажала со тоа што бившиот сопруг Милан Кесиќ го понела со нејзе на настап. Иако на нејзиниот настап имало голем број мажи, кои сигурно посакале да ја смуваат пејачката, тоа овој пат не било можно бидејќи Милан бил присутен, а Дара не сакала да го нервира. – Себе и на своето семејство им посакувам здравје. Тоа ми е најважно и немам други желби. Се друго имам, ако нешто немам, ќе го создадам. Сакајте се луѓе и ширете љубов – рекла Дара.

Прија носи “Меквин“ од 10.000 евра!

Александра Пријовиќ одржала настап во луксузен хотел, а како што се дознава, на себе го имала фустан од познатиот дизајнерот Александар Меквин кој чини 10.000 евра. Младата пеачка ја бодрел сопругот Филип Живојиновиќ во новогодишниот настап.