Не се знае дали има повредени или настрадани лица.

Земјотрес со јачина од 5,1 степени ја погоди американската сојузна држава Северна Каролина, соопштил Националниот метеоролошки завод во Гринвил. Епицентарот бил околу 4 километри југоисточно од градот Спарта.

Потресот ги тресел зградите, но сеуште нема извештај од евентуалната штета или повредени.

Тоа е најсилен земјотрес кој ја погодил таа држава од 1916 година, кога е забележан потрес со јачина од 5,5 степени.