Пејачката Алка Вуица, која сега има 59 години, важи за една од најпопуларните во регионот како заради нејзините хитови и така и заради бурниот љубовен живот.

Имено, Алка моментално живее во Сараево, таа е на прагот на седмата деценија и нема проблем да го покаже своето тело, па минатата година крена прашина со топлес фотографии што ги објави на својот Инстаграм.

Само што се појави на сцената, оваа пејачка ја заинтригираше јавноста. Нејзина прва љубов беше тапанарот на групата „Сребрени крилја“, Ади Караселимовиќ. Таа имаше 18 години и го запозна во клубот „Сцена“, а емоциите веднаш се разгореа. Тој беше нејзината прва голема љубов и таа врска траеше четири години.

Откако раскинаа, како што пишуваа медиумите, таа беше со Горан Бреговиќ и Бајага. Медиумите шпекулираат дека тие биле нејзини љубовници. Бајага дури и посветил две песни, „Зажмури“ и „Са друге стране јастука“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

The best bathing suit is topless! ?? #pool #photoshoot #summer #hot

A post shared by Alka Vuica (@alka.vuica) on

Подоцна, Алка ја шокираше јавноста признавајќи дека таа и  познат оженет фудбалер биле во вонбрачна заедница. Алка Вуица учествуваше и во српското реално шоу „Парови“, на што многумина заборавија.

Исто така, таа неодамна го привлече вниманието на јавноста кон себе велејќи дека и недостасува Југославија како целина, но и дека експериментирала со ист пол во својата младост.