САД ги прекинуваат сите односи со Светската здравствена организација и ги пренасочуваат своите средства кон други организации кои се занимаваат со здравствени проблеми, рече американскиот претседател Доналд Трамп.

– Бидејќи тие (СЗО) одбија да ги спроведат потребните реформи, ние сега ги прекинуваме односите со Светската здравствена организација и ги пренасочуваме тие средства кон сите здравствени организации на кои им се потребни – рече Трамп.