Карло Кани, од далечната 1980 година, сè до моментот кога ги стекнал сите потребни услови за пензија наводно, бил болен.

За него се зборува и ден денес, особено на социјалните мрежи, а сите се сетија како човекот замина на боледување и никогаш не се врати.

Поради клаустрофобија, Кани замина на боледување кое му траело цели 35 години. Всушност, тој никогаш не се вратил на работа. Боледувањето му заврши во 2006 година и веднаш замина во пензија. За да бидат работите побизарни, Карло едвај работел во рудникот неколку дена пред да отиде на лекар за да се пожали за тоа колку му е тешко на него на работа.

„Никогаш не ми се допадна рударството. Признавам, заминав во пензија без да сработам ништо. Јас секогаш правев сè што можев за да не одам во јамата, а во тоа многу ми помогнаа овие наши, рече Карло.

За 35 години, тој се бореше на различни начини да го пролонгира неговото боледување. Тој заминал на боледување поради клаустрофобија, па го продолжил поради хемороиди, страдал од амнезија и така натаму, а кога не бил болен, тој прашина во очите за да изгледа болен.