Од друга страна, најмалку работат Германците, кои во текот на годината на работа поминуваат 1.370 часа.

По Мексиканите, најмногу работат луѓето во Костарика (2.230 часа), Jужна Кореја (2.110), Чиле (1.990) и Русија (1.980) работни часови годишно.

Овие податоци даваат сосема поинаква слика за народите кои работат повеќе или помалку.

Меѓу земјите во кои се работи многу спаѓаат и Полска, Исланд, Португалија и Израел.

Значително помалку работни часови годишно имаат, освен Германците, и Холанѓаните, Данците, Французите и Белгијците.

Во „златната средина” според бројот на работни часови на годишно ниво се САД, Италија и Ирска.