Учеството на трошоците за заштита на животната средина во БДП во 2015, којшто е 422.111 милиони денари, изнесува 1,06 отсто.

Најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпад 52,8 отсто, потоа учеството на трошоците за заштита на воздухот 13,8 отсто и трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода 11,9 отсто.

Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина.

Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 37,9 отсто, а учеството на трошоците
за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 62,1 отсто.

Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 3.861.895 илјади денари, односно 86,7 отсто.

Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 32,3 отсто се наменети за инвестиции, а 67,7 отсто се за одржување на средствата.

Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 85,0 отсто