Во моментов во Македонија, 3.921 лица се заразени со ковид-19. Станува збор за активни случаи, од кои 425 пациенти се хоспитализирани низ болниците во државата.

Според последните податоци, Скопје е се уште главно жариште со најмногу активни случаи – 1.885, а зад него е Тетово со 297 заразени, потоа Штип со 277 и Куманово со 240 активни случаи.

Над 100 заболени има во Гостивар (193), Свети Николе (182), Струга (179), Охрид (123) и Дебар (111).

Останатите градови имаат помалку од 100 заразени лица во моментов.

Инаку во Скопје, најголеми бројки на активни случаи има во Чаир (280), Гази Баба (195) и Аеродром (167).  Центар и Карпош имаат по 153 заболени, а зад нив се Бутел (132), Кисела Вода (124), Ѓорче Петров (113), Сарај (108) и Студеничани (105).

Денеска беа регистрирани 127 новозаразени, а почнаа 8 лица. Излекувани се 83 пациенти во изминатото деноноќие.

извор: Makfax