Иако во 2011 година имаше само 23 години, Рифка Станеску од Романија стана баба. Кога имала само 12 години ја родила ќерката Марија, и иако сакала подобра иднина за неа, надевајќи се дека девојчето ќе избере поинаков живот од нејзиниот, нејзината ќерка го родила својот прв син кога имала 11 години.

Рифка е романска Ромка, а за ВТ таа изјави дека кај нив е нормален бракот во тие години. Таа се омажила за продавач на накит, Јонел Станеску, кога имала само 11 години. Тој тогаш имал 13 години, а Рифка открива дека се омажила побрзо затоа што се плашела дека нејзиниот татко силум ќе ја даде на друго момче во селото.

Оваа жена од селото Инвести тврди дека ја убедувала ќерката Марија да остане на училиште, но девојката се омажила на десет години и го родила својот син шест месеци подоцна.

„Среќна сум што сум баба, но сакав нешто друго за Марија и за себе. Не 1 забранив на ќерка ми да се омажи бидејќи тоа е традиција кај нас”, рече таа.

За споредба, просечна Американка станува мајка за првпат на 28 години, пет години подоцна отколку што Рифка станала баба. Мајката на Рифка, Марија, по која е наречена и нејзината ќерка, ја родила на возраст од 17 години. Таа сега стана прабаба, со 40 години.

извор: Makfax