x

Најмиле приватен детектив да го следат играчот што сакаат да го избркаат

tana

Шпанските медиуми денеска пишуваат за потегот на Лас Палмас кој бара најразлични начини да го избрка својот фудбалер Танa кој има договор на уште три години. Овој 29-годишен играч пристигнал во клубот како младинец, но сега не им е потребен и сакаат да се ослободат од него, а притоа тоа да не оди на штета на клубот.

Против Танa во февруари е покрената дисциплинска постапка поради кршење на клупската дисциплина, но клубот не обезбеди доволно докази за тоа. Сега најмиле приватни детективи за да го следат секој потег на овој играч, па штом направи некој погрешен потег, да ги активираат доказите и да го избркаат. А адвокатите на играчот го откриле тоа и се заканиле дека ако клубот не престане со малтретирање ќе бараат отштета за кршење на правото на слобода на Тана.

Тана одбива да го раскине договорот, тој бара висока отштета која Лас Палмас не сака да ја плати.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата