Најмалку 12 лица загинаа во три бомбашки напади во четвртокот во шиитски квартови на ирачкиот главен град Багдад.

Двајца бомбаши самоубијци активираа експлозив во централниот трговски регион Бал ал Шарки при што загинаа осум лица, а 18 се повредени.

Третиот напад е извршен во соседниот кварт Баб ал Муазам, при што загинаа четири лица, а повредени се девет, јавија ирачките власти.

Засега никој не презема одговорност за нападите. Сепак, сите напади се извршени во шиитски делови на Багдад, кои често се цел на напади од сунитски бунтовници од групата Исламска држава.