Најмалку 10 лица загинаа во пожар во фабрика во близина на Дака, што е втора ваква несреќа во Бангладеш за помалку од една недела.

Пожарот избувна во вечерните часови во фабрика за вентилатори во областа Газипур во Дака. Десетте тела биле извлечени откако пожарникарите го ставиле огнот под контрола, рече началникот на прптивпожарната служба, Мамунур Рашид.

Неколку лица се повредени, додаде тој, пренесува „АП“.

Не е познато колку работници имало во фабриката за време на избувнувањето на огнот, ниту причините за пожарот.

Во пожар во фабрика во близина на Дака во средата загинаа најмалку 15 лица.

извор: Makfax