Паркот „Мил Ендс“ се наоѓа во Портланд и важи за најмалиот парк во светот, поради што доби место и во Гинисовата книга на рекорди.

Станува збор за парк на улица чиј дијаметар изнесува само 61 сантиметар.

Датира од 1948 година, кога на тоа место требало да биде поставена улична светилкa. Бидејќи никој не ја поставил со месеци, на одбележаното место почнала да расте трева, а новинарот Дик Феган процесот го следел од својата канцеларија и на крајот одлучил да се симне долу и на тоа место да засади цвеќиња.

Местото го нарекол „Мил Ендс“ по колумната што ја пишувал во весникот „Орегон“, а за неговата улична оаза се залагал сè до смртта во 1969 година.

За жал, тој не доживеал да види дека седум години подоцна ова место било официјално прогласено за градски парк.

Поставена е дури и минијатурна ограда околу бетонскиот пречник, но и патоказ кој покажува кон најмалиот парк во светот.

извор: Makfax