19. „Sabotage”
[video:https://www.youtube.com/watch?v=FeHpSdQSH0c]
Заработка: 10,5 милиони долари

Оценка: 19%

Една од критиките: – Не знам што се обидува да докаже Дејвид Ајер со забивање на камерата во истурени црева и снимање на запалени и смрзнати тела – Весли Морис, „Грантланд”.

18. „Transcendence”
[video:https://www.youtube.com/watch?v=VCTen3-B8GU]
Заработка: 23 милиони долари

Оценка: 19%

Една од критиките: – Се сеќавате ли кога главните глумци телефонски ги одработуваа своите улоги. Џони Деп тоа го прилагоди за младите генерации и улогата ја одработи по пат на Скајп – Петер Траверс, „Ролинг Стоунс”.

17. „Devil’s Due”
[video:https://www.youtube.com/watch?v=hjo7iO6Ghtg]
Заработка: 15,8 милиони долари

Oценка: 18%

Една од критиките: – Растргнат и неуверлив филм кој толку бесрамно краде од „Паранормални активности” – Рафер Гузман, „Њуздеј”.

16. „And So It Goes”
[video:https://www.youtube.com/watch?v=QHFkp5IpKNo]
Заработка: 15,2 милиони долари

Oценка: 18%

Една од критиките: – Ништо од ова не е ни малку смешно, всушност ова е многу тажно – Стивен Ри, „Филаделфија Инкваер”.

15. „Transformers: Age of Extinction”
[video:https://www.youtube.com/watch?v=pbI980iUb78]
Заработка: 245,4 милиони долари

Oценка: 18%

Една од критиките: – Ако навистина треба толку долго светот да го спасиме од пустошење на роботите кои се претвораат во возила, можеби се работи за свет кој не заслужува да го спасиме – Кристофер Ор, „Атлантик”.

14. „Ride Along”
[video:https://www.youtube.com/watch?v=5klp6rkHIks]
Заработка: 134,1 милиони долари

Oценка: 17%

Една од критиките: – Ништо поврзано со овој филм нема смисла, но сакам да верувам дека филмов е лошо инспириран виц, а не навреда на гледачите – Дејвид Денби, „Њујоркер”.

13. „Legends of Oz: Dorothy’s Return”
[video:https://www.youtube.com/watch?v=szwGX6Cix3k]
Заработка: 8,5 милиони долари

Oценка: 16%

Една од критиките: – Едноставен, евтин и лошо направен обид за заработка на пари – Џордан Хофман, „Њујорк Дејли Њуз”.

12. „Endless Love”
[video:https://www.youtube.com/watch?v=TRXGch6675Q]
Заработка: 23,4 милиони долари

Oценка: 15%

Една од критиките: – Ова без проблем може да биде една долга монтажа на погледи со копнеж, нежни бакнежи и љубовници кои се „шлапкаат” во вода како разиграни видри – Клаудија Пуиг, „Ју-Ес-Еј Тудеј”.

11. „Rage”
[video:https://www.youtube.com/watch?v=KoREt4C6l3k]
Заработка: Нема информации

Oценка: 14%

Една од критиките: – Тешко е да се каже дали се работи за најлош филм на Николас Кејџ, бидејќи не постојат толку кандидати. Но, се работи за филм кој е близу до самото дно – Том Лонг, „Детроит Њуз”.

10. „Blended”
[video:https://www.youtube.com/watch?v=8MuWt2X59fo]
Заработка: 46,3 милиони долари

Oценка: 14%

Една од критиките: – Уште една година помина и така ни е судено, неизбежно како смртта, да стигне уште еден филм на Адам Сендлер – Филип Браун, „Глоуб енд Маил”.

9. „Winter’s Tale”
[video:https://www.youtube.com/watch?v=DBSj1MKwx6A]
Заработка: 12,6 милиони долари

Oценка: 13%

Една од критиките: – Ова е бесмислена збрка. Го користите како филм за состаноци во случаи да не го сакате лицето со кое сте – Петер Траверс, „Ролинг Стоун”.

8. „The Nut Job”
[video:https://www.youtube.com/watch?v=fq4qP2oSpIA]
Заработка: 64,2 милиони долари

Oценка: 10%

Една од критиките: – Сето ова изгледа како видео игра која не би ја играле воопшто – Весли Морис, „Грантланд”.

7. „Vampire Academy”
[video:https://www.youtube.com/watch?v=E1ERrnYunBg]
Заработка: 7,8 милиони долари

Oценка: 9%

Една од критиките: – Ова е куп смет на кој се наоѓаат бедни реченици кои ги изговараат асортиман од убави момци и девојки, а се е дополнително пополнето со излитени моменти и насилство над животни – Џ. Р. Џонс, „Чикаго Ридер”.

6. „Grace of Monaco”
[video:https://www.youtube.com/watch?v=fvfjpeeDJjg]
Заработка: 22 милиони долари

Oценка: 9%

Една од критиките: – Речиси е импресивно да се гледа начинот на кој Дахан ја промашува секоја цел и залудно ја троши секоја пружена шанса – Стивен Далтон, „Холивуд Рипортер”.

5. „A Haunted House 2″
[video:https://www.youtube.com/watch?v=eDyh9YloMVk]
Заработка: 17,3 милиони долари

Oценка: 8%

Една од критиките: – Ова не е филм, ова е психички крах – Блиџ Ебири, „Њујорк Магазин”.

4. „Are You Here”
[video:https://www.youtube.com/watch?v=uMtNpu6xBvU]
Заработка: Нема информации

Oценка: 7%

Една од критиките: – Ова е безлично, чудно и грозно режиран филм кој не би сакале да гледате – Клаудија Пулг, „Ју-Ес-Еј Тудеј”.

3. „The Legend of Hercules”
[video:https://www.youtube.com/watch?v=jcdhyaP0T7g]
Заработка: 18,8 милиони долари

Oценка: 3%

Една од критиките: – Дијалогот не е отпосле снимен, но напишан е и изговорен толку индиферентно што можете да поверувате дека е – Игнатиј Вишеневетски, „Еј-Ви Клаб”.

2. „I, Frankenstein”
[video:https://www.youtube.com/watch?v=pxOSPfUw3qw]
Заработка: 19,1 милиони долари

Oценка: 3%

Една од критиките: – Некохерентен, лош и лишен од сјајот и од што било волшебно – Алонсо Дуралд, „Врап”.

1. „Left Behind”
[video:https://www.youtube.com/watch?v=GrXe8YDbzYs]
Заработка: 14 милиони долари

Oценка: 2%

Една од критиките: – Во најдобар случај ова е лошо снимена сензационалистичка пропаганда со очајна глума која тешко може да се нарече забава. Во најлош случај, ова е длабоко моронски филм – Линдси Бар, „Ентертеинмент Викли”.