Поради својата специфична географска локација, Поинт Робертс, мал град на сместен на полуостров, е најзаштитеното место од пандемија на коронавирусот во САД, бидејќи со едниот залив е одвоен од остатокот на земјата,  а единствена копнена врска градот ја има со Канада.

Бидејќи границата со Канада е затворена за сите, овој град сега е како остров, што му помогна на населението кое брои околи 1.300 жители досега да се заштити од опасноста што ја предизвикува КОВИД-19 затоа што се уште нема регистрирани случаи, соопшти Гардијан.

„Ова е веројатно најбезбедното место во земјата“, вели Памала Шепард, 65-годишен жител на ова инаку изолирано место во американската држава Вашингтон.

Шефот за противпожарна заштита, Кристофер Карлтон, вели дека претходно овој град го посетувале околу 2.000 евтомобили со туристи и други посетители за време на викендите во текот на изминатата година, но бројот на возила сега се намалил на помалку од сто.

„Од економски аспект, тоа и штети на нашата заедница, како што и на секој друг град што во моментот доживува иста работа, но во извесна смисла, исто така ја штити и нашата заедница“, рече Карлтон.