x

Најдобриот тим во С. Ирска потврди дека има играч заразен со коронавирусот

Лидерот на табелата во првенството на Северна Ирска, Линфилд, потврди дека има играч заразен со коронавирус во своите редови.

„Еден од нашите играчи е позитивен на тестот за коронавирус. Клубот ќе добие совети од надлежните за да се преземат следните чекори“, се вели во изјавата на клубот.

Линфилд не објави за кој играч станува збор, но сигурно е дека оваа информација предизвика генерален хаос во клубот и создаде паника кај сите играчи. Ова е само една во низата вознемирувачки вести во светскиот фудбал, и потсетуваме дека голем број натпревари низ цела Европа или се откажани или ќе се играат пред празните трибини.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата