x

Најдобриот израелски фудбалер потпиша за ПСВ

zahavi-e1600713765731

Израелскиот голгетер Еран Захави (33) е ново засилување на холандскиот ПСВ од Ајндховен. Овој голгетер доаѓа од кинескиот Гуангжу РФ како слободен фудбалер. За кинескиот тим даде 91 гол во 106 натпревари во кинеската Супер лига што е импресивен ефект.

Захави со ПСВ потпиша договор до 2022 година.

Инаку претходно Захави за три години во Макаби Тел Авив постигна 98 голови во 119 натпревари (во првенството), играше за италијански Палермо, а кариерата а почна во Хапоел Тел Авив за кого во 94 меча реализира 27 голови.

За Израел има 54 настапи и 20 голови.

Захави два пати е прогласуван за фудбалер на годината на Израел, а три сезони по ред беше прогласуван за најдобар стрелец во израелската Премиер лига. Исто така го држи апсолутниот рекорд по број на голови во една сезона. Во 2015/16 постигна дури 35 голови. Тој држи и уште неколку рекорди во Израел.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата