Сигурно ви се случило понекогаш да сте толку уморни што и будни го сонувате одењето во кревет.

Сепак, често се случува кога конечно ќе го допрете тој мек кревет и ја прегрнете перницата, едноставно да не може да заспиете. Се вртите, на едната, а потоа на другата страна, мислите едноставно се мотаат во вашата глава и не успевате да им избегате. Звучи познато?

Постои едноставен трик кој ќе ви помогне да заспиете брзо и лесно.

За да заспиете за брзо време, само затворете ги очите, исфрлете ги сите други мисли и обидете се да ги визуелизирате деталите од вашето детство. Поминете низ сите ходници пред вас. Замислете фотографии што висат на ѕидот во ходникот каде сте вие ​​и вашите најблиски од детството. Сетете се на нешто во што уживавте во најраната возраст.

Следното нешто за што ќе бидете свесни е дека сонцето изгреало, дека се огласил алармот и дека сте поминале добри 8 часа сон.

Зошто функционира ова? Тоа е едноставно. Ве одвлекува вниманието од размислување за работи што ве спречуваат да заспиете. Додека се фокусирате на слики од детството, не размислувате за стресот што сте го доживеале тој ден.