Фудбалската репрезентација на Македонија направи скок од 16 места на вчера објавената рејтинг листа на ФИФА и го постигна досега најдобриот пласман откако се натпреварува на меѓународната фудбалска сцена. Моментално нашиот национален тим е на 51 позиција, а претходно нашиот најдобар пласман беше остварен во јануари 1999 година кога се пласиравме на 58 место. Во периодот август – септември, А-репрезентацијата предводена од Сречко Катанец освои 98 поени, а најмногу поени ни донесе победата во првиот квалификациски натпревар за претстојното ЕП, против репрезентацијата на Естонија. Што се однесува до лидерската позиција таа се уште е во сопственост на Бразил. Светскиот шампион Италија, забележа пад од три места и моментално е на 5-то место.
ТАБЕЛА: 1. Бразил (1574), 2. Франција (1534), 3. Аргентина (1492), 4. Англија (1477), 5. Италија (1474), 6. Холандија (1327), 7. Чешка (1312), 8. Германија (1291), 9. Португалија (1291), 10. Шпанија (1255).