x

Најденов со понуда од Лаци но и од косовски екипи

najdenov

Бојан Најденов има опција да се врати во шампионатот на Албанија односно во тимот на Лаци каде што веќе еднаш престојуваше. Искусниот офанзивец летово се раздели од тимот на Академија Пандев, па сега бира каде да ја продолжи кариерата.

Опција е неговиот поранешен клуб, но и неколку косовски прволигаши кои се заинтересирани за услугите на Најденов.

Секако, домашниот шампионат секогаш е опција но како што и самиот Најденов најави летово, интернационален трансфер секако дека е приоритет.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата