Стравот од смртта е длабоко всаден во секое живо суштество, но очигледно постои разлика помеѓу начините на кои смртта настапува. Според некои податоци, најголем дел од луѓето би преферирале да умрат во сон, а научниците велат дека ова се докажано најлошите начини на умирање низ историјата:

По предавство:
Смрт која доаѓа како последица од болест или мачење, дефинитивно се смета како неповолен начин, но вистинската агонија, според научниците доаѓа како последица на психички ефект. Една од најголемите психички повреди кои човек може да ги доживее е предавство. Во последните моменти од животот предавството фрла сомнеж на секаков вид на доверба, на разликувањето на она што е вистинито а што не, па така и на самата поента на животот. Според тоа психолозите велат дека тоа е еден од најтрауматизирачките начини за умирање.

Глад:
Огромна агонија, поради времетраењето на настапување на смртта. Во просек потребно е помеѓу 8 и 12 недели, за човечкиот организам да престане со работа поради недостаток на нутриенти. Откако телото ќе ги искористи своите сопствени мускули и ткива за потхранување, почнува „разјадување” на внатрешните органи. Мускулната атрофија резултира со неверојатни болки.

Изедени:
Соочување со судбината, стоејќи пред лицето на предатор, веројатно ќе значи брза смрт, бидејќи животните кои се ловци како лавот, ајкулата и сл. се доста вешти ловци. Но, други животни како на пример змиите, хиените или крокодилите се познати по тоа што уживаат да ја јадат жртвата додека е сеуште жива, што предизвикува неизмерна болка и патење.

Смрзнување:
Хипотермија е еден од најспорите начини на настапување на смртта, а со самот тоа и еден од најболните. Различните фази на смрзнување на телото, жртвата може да го почувствува кочењето на мускулите и нивното утрнување. Смртта настапува дури кога внатрешните органи ќе прекинат со работа. Случаи на настапување на смрт поради хипотермија биле доста чести низ историјата за време на војните особено на фронтовите на северните делови од планетата.

Давење:
Иако процесот трае релативно кратко, според испитувањата, нападите на паника и психичкиот ефект кој го има давењето, тешко дека може да се спореди со било што друго. Искусните морнари, велат дека при превртување на бродот, додека екипажот е сеуште внатре, потребни се неколку минути внатрешноста на бродот да се наполни со вода. Најголем дел од нив велат дека би си го одземале животот доколку се во можност уште пред да настапи давење бидејќи тоа е најголемата агонија која човек може да ја искуси.

Распнување:
Древна техника на мачење и казнување на луѓето, мошне популарна кај старите Римјани. Луѓето би ги распнале на дрвен крст, притоа прицврстувајќи им ги екстремитетите со железни шајки кој би ги пробиле рацете и нозете но не би ги убиле. Жртвите биле оставани така со денови, гладни, жедни, на сонце или студ, да умираат полека и болно додека околу нив би кружеле инсекти и мршојадци.

Дерење на кожата:
Исто така древна техника на мачење, популарна во античкиот свет. Причинува огромна физичка болка. Така иложените казнети луѓе биле оставани да умираат и по неколку денови од инфекции, откако ткивата веќе би им биле разјадени од инсекти.