x

НАЈГОЛОВИ ЗА 2019: Лобот на Пандев, бомбата на Алиоски, петата на Суарез (видео)

Изминатата 2019 година беше содржајна што се однесува до головите, а голем број фудбалери се погрижија да бидат запамтени по мајсторските потези и актрактивните голови. Тука се оние со шутеви од далечина, но има и такви со многу прецизни додавања пред да биде затресена мрежата, или такви со индивидуални потези кои се граничат со магија. Таков беше на Луис Суарез на мечот помеѓу Барселона и Мајорка во шпанското првенство. Маестрална пета на Уругваецот, а тој самиот призна дека тоа му е најубавиот гол во кариерата.

Секако да не го заборавиме голот на Пандев од 40 метри на мечот меѓу Џенова и Лече во Серија А, како и волејот на Алиоски на дуелот меѓу Хадерсфилд и Лидс во Чемпионшип.

Еве неколку видеа на голови за кои сметаме дека заслужуваат да бидат на списокот на најубави во 2019.

  1. ЕРАН ЗАХАВИ (Гуангжу – Тјанџин)

  1. РАЏА НАЈНГОЛАН (Каљари-Спал)

  1. ХЕРОЛД ГУЛОН (Паханг-Перак)

4. АПОСТОЛИС ВЕЛИОС (Атромитос-Ламиа)

5. ГОРАН ПАНДЕВ (Лече-Џенова)

6. ЧУПО МОТИНГ (ПСЖ-Тулуз)

7. МЕЈСОН БЕНЕТ (ДЕРБИ-ВИГАН)

8. ЕЗЏАН АЛИОСКИ (ЛИДС-ХАДЕРСФИЛД)

 

9. ДАНИЕЛ ГАЗДАГ (ХОНВЕД-АКАДЕМИЈА ПУШКАШ)

10. KРИСТИЈАН ГУТКЈЕР (ЛЕХ-ЗАГЛЕБЈЕ)

 

11. ЛУИС СУАРЕЗ (БАРСЕЛОНА – МАЈОРКА)

12. АРТУР МЕЛО (БАРСЕЛОНА – ВИЉАРЕАЛ)

УШТЕ ГОЛОВИ ПОГЛЕДНЕТЕ ПОДОЛУ

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата