x

Најголем срам досега во СЕХА: Десет години никој не го победил Вардар со ваква разлика

Петкратниот шампион во СЕХА лигата и актуелен бранител на титулата Вардар во последното коло од регуларниот дел од сезоната го доживеа најтешкиот пораз во десетте години како е дел од истото.

Вториот тим на Вардар со 16 гола (42:26) загуби на гостувањето кај Нексе и колку и да сакаме тоа да го препишеме на фактот дека „црвено-црните“ предвреме го имаа пресметано поразот и во составот немаше ниту еден играч од шампионскиот тим, сепак „црниот“ рекорд ќе стои зад името на Вардар.

Никој во досегашните девет сезони не успејал да му нанесе ваков тежок пораз на Вардар.

Најблизу е Мешков Брест кој на 30 октомври 2018 година пред својата публика со 35:20 го победи исто така вториот „црвено-црн“ тим.

Меѓу највисоките порази на вардарци се вбројува уште еден од белорускиот првак (30:22), како и од Веспрем (31:23) во сезоната 2014/2015.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата