x

Најголемите бразилски клубови одбиваат да го започнат новото првенство

Ботафого и Флуминензе, два од најголемите фудбалски клубови во Бразил, најавија дека нема да учествуваат на државните првенства, кои треба да започнат овој викенд и да послужат како најава за почетокот на националниот шампионат во втората половина од годината.

Фудбалската федерација на Бразил издаде наредба за почеток на сојузните првенства, иако кризата со коронавирусот во земјата не е под контрола и од него скоро секој ден има по околу 1000 мртви.

„За жал, повеќето клубови сметаат дека треба да се игра фудбал, и покрај хаосот во којшто живееме“, рече претседателот на Ботафого, Нелсон Муфареј.

„Овие луѓе се исклучени од реалноста и ние се спротивставуваме на оваа одлука“, додаде тој.

Претседателот на Флуминензе, Марио Битентур, го поддржа својот колега од Ботафого, велејќи дека играчите кои не играле од средината на март не биле подготвени да се вратат на теренот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата