Маж од Минесота, на возраст од 60 години, почина од коронавирусот со кој се заразил за време на познатиот мото собир Стурџис.

Здравствените власти потврдија дека тој е првата жртва на овој собир за мотоцикли, кој го посетија повеќе од 460 000 луѓе  на почетокот на август.

Организаторите на собирот апелираа, но не инсистираа посетителите да носат маски, па затоа се стравува дека тој нема да биде единствената жртва. Лекарите потврдија дека тој исто така страдал од други болести и дека е хоспитализиран на одделот за интензивна нега набргу по собирот.

Како што беше најавено, досега е утврдена инфекцијата со вирусот Ковид-19 кај неколку стотици луѓе кои го посетија Стурџис годинава.