x

Најбогатиот спортист во светот купува клуб во Премиер лигата!?

Флојд Мејведер, некогашниот светски првак во бокс и најбогатиот спортист на планетава, има намера да купи клуб од Премиер лигата. Станува збор за Њукасл, тоа го потврди и самиот Мејведер кој во моментов е во Англија.

„Секако дека знам за Њукасл, посебно за нивните фанови. Ако тие ме прифатат можеби бил заинтересиран за такво нешто“ вели Мејведер.

Инаку Мејведер во последните неколку денови ја разбранува светската јавност со изјавата дека бара 600 милиони евра за два меча во УФЦ, и тоа против Конор МекГрегор и против Хабиб Нурмагомедов.

Тој има цело богатство, лежи на пари. Иако понекогаш знае и да претера со луксузирањето и „фрлањето“ пари, сепак се што ќе допре го претвора во злато што се вели. Знае да помириса вносен бизнис, веројатно тоа е и случајот со Њукасл.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата