За голем дел од Шпанците 22 декември е многу важен ден. За време на празничните шопинзи, многумина Шпанци купуваат барем едно лото ливче за да си ја пробаат среќата во традиционалната лотарија за Божиќ.

Вечерва се одржува лотаријата, која е една од најголемите во светот, а најголемата можна добивка изнасува 4 милиони евра.
За овогодинешното извлекување испечатени се 170 ливчиња за секоја од 100.000-те петцифрени комбинации. Едно ливче чини 500 евра, што значи дека, ако сите 17 милиони ливчиња бидат продадени за три милијарди и 400 милиони евра, наградниот фонд ќе биде 2 милијарди и 380 милиони евра.

Но, за многумина 200 евра се многу, поради што ливчињата е можно е да се поделат на десет делови, што секој би го чинело по 20 евра. Тоа значи дека оние кои ќе купат десетти дел од ливчето, кое добило најголема награда од четири милиони евра, ќе добие 400.000 евра.

Ливчињата се продаваат на продажни места на Националната лотарија. Шпанската божиќна лотарија е втора најдолга лотарија на светот. Се одржува секоја година од 1812 година, а првпат било извршено извлекувањето во Кадиз. Лотаријата не била прекината ниту за време на шпанската граѓанска војна, кога извлекувањето се одржало во Валенсија.

Божиќната лотарија, иако е вонредна, не се разликува од редовното извлекување. Ливчињата имаат 100.000 комбинации – петцифрени броеви од 00000 до 99999. Бидејќи на едно ливче е можно да се испечати само една комбинација на броеви, ливчињата секоја година се печатат во повеќе серии.

извор: Makfax