Во дневникот на Сител вечерва амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз зборува за НАТО членството, изборите но и за реформите кои треба да се спроведат во земјата.

Таа вели САД  на членството во НАТО  го гледа како големо дотигнување не само за нашата земја туку и за стратешките односи. Нагласи дека ратификацијата за членство во НАТО брсо се одвиваше и се ближи кон крајот, па наскоро ќе го видиме нашето знаме кренато во седиштето на НАТО.

-Ова ќе биде голема и многу добродојдена нова димензија на нашите односи, не само како партнери, туку и сојузници во НАТО, рече Брнз.

Брнз нагласи дека САД беа разочарани од одлуката на ЕУ во октомври, но рече дека се охрабрени од последните позитивни изјави на европските лидери.

Брнз вели дека најавата за ревизија на Преспанскиот договор ги загрижува.

-Важно е да не се заборави дека добрососедските односи се предуслов за интеграција во евроатланските институции, за членство во НАТО и за ЕУ. Преспанскиот Договор помогна да се придвижи Северна Македонија од место на стагнација, но трансформацијата треба да продолжи- вели Брнз.