x

Најавено и потврдено: Беласица го промовираше Робсон Да Силва! (ВИДЕО)

Робсон Да Силва, интернационалецот од Бразил, од денеска е ново име во редовите на Беласица. Она што синоќа го најави СПОРТМЕДИА, еве денеска и се оствари. Струмичани и официјално се пофалија со новото име. Довчерашниот играч за врска на Македонија ЃП е големото летно засилување кај повратникот во нашата елитна фудбалска лига. Робсон може да игра на повеќе позиции во средниот ред, а секако дека специјалност му се слободните удари, важи за најдобриот изведувач во нашата Прва лига во изминатите две години колку што го носеше дресот на “лавовите“ од Ѓорче.

Инаку Бразилецот е роден на 14 јули 1995 година, а покрај во клубови од Бразил, има играно и за португалскиот Сертаненсе.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата