x

НАЈАВА ЗА ПЕНЗИЈА: Луис Скола ја напушти Олимпија, но и Европа

Легендарниот аргентински кошаркар, Луис Скола, повеќе не е играч на Олимпија од Милано.

„По длабоко размислување, ја донесов својата прва одлука во врска со следната сезона. Одбрав да не играм повеќе во Евролигата, ниту во Милано, ниту во кој било друг тим. И благодарам на Олимпија за можноста. Забавна година во околина во која се чувствував како дома“, рече 40-годишниот Скола.

Тој посочи дека не одлучил дали ќе се повлече од кошарката или ќе продолжи да играм во некое друго натпреварување.

„Конечната одлука ќе ја донесам во следните неколку недели“, заклучи Скола.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата