Хуберт нашол банкнота од 20 долари на улица во близина на меѓународниот аеродром во Сан Франциско, најдените пари ги искористил за да уплати лотарија и ја освоил премијата од милион долари. 

Го изгребав ливчето пред продавницата. На пријателот кој беше со мене му реков дека не знам дали е ова вистина, но оти пишува дека сум освоил милион”, рекол Танг.

Хуберт рекол дека игри на среќа не играл повеќе од 10 години, пред да ги купи овие две ливчиња. Засега немал идеја како ќе ги потроши парите, но рекол дека ќе остава банкноти од по 20 долари на различни места за и на некој друг да му донесе среќа.