x

Нашиот противник во квалификациите со успешна контрола: Естонците доминантни на „Балтик Купот“

vojdan-stojanovski-e1582228453226

Една од кошаркарските репрезентации кои се противници на Македонија во циклусот квалификации за ЕП 2021, селекцијата на Естонија, победи на „Балтик Купот“, кој федерацијата на оваа балтичка земја го организираше како прослава на големиот јубилеј, „100 години кошарка во Естонија“.

По победата на премиерата против Литванија, Естонците обезбедија победа и над селекцијата на Летонија. Тимот предводен од Јука Тоијала славеше со убедливи (84:67), и со максимални две победи го доби победничкиот пехар.

На дуелот во „Саку Сурхал“ Арената, тројца домашни кошаркари запишаа двоцифрен број на поени. Хенрик Дрел даде 15 поени, капитенот Слим-Сандер Вене еден помалку, додека пак Јанари Јесар дополни со десет поени.

Македонија на 30 ноември треба да го одигра дуелот со Естонија на гости, откако дома бевме поразени уште во 1. коло од квалификациите за Евробаскетот 2021.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата