Секој човек има свој посебен човечки леукоцитен антиген (НLA) систем што му помага на имуниот систем да прави разлика меѓу клетките на организмот и несаканите вируси и бактерии. Но, овој систем има големо влијание и на физичката привлечност што ја чувствуваме кон другите луѓе. Истражувачите ги испитувале системите на 254 парови и дознале дека доколку партнерите имаат сосема различни HLA системи, тогаш сексуалната привлечност и желбата за размножување се многу поголеми. Тоа значи дека гените одредуваат колку многу сакате да бидете интимни со вашиот партнер. Изгледа дека сепак спротивностите се привлекуваат.

Освен тоа, доколку мислите дека вашиот партнер има многу пријатен мирис, за тоа повторно е заслужна генетиката. Истражувачите откриле дека паровите имаат попозитивно мислење за мирисот на нивниот партнер, ако нивните HLA системи се различни.