Началникот на Германската федерална канцеларија за миграција и бегалци Манфред Шмит, кој беше критикуван за бавна обработка на податоците од рекордениот број барања за азил, даде оставка. Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи на Германија. До крајот на годинава во оваа земја се очекуваат милион бегалци.

Шмит кој е на чело на Канцеларијата од 2010, дал оставка од лични причини без други наведени детали, Асошиејтет прес наведува дека министерот за внатрешни Томас де Мазиер му се заблагодарил на Шмит за „исклучителната работа” во исклучително тешко време.

Тој не соопшти кој ќе го наследи Шмит. АП наведува дека оставката е поднесена кога Берлин вложува огромни напори за да се избори со големиот бран бегалци и подсетува дека во Германија ќе пристигнат 800.000 мигранти. Проценките одат дури до милион бегалци што е 5 пати повеќе од лани.

Само вчера влегле 7.266 бегалци, двојно повеќе од претходниот ден. Германија ја прошири контролата на чешката граница за да го спречи криумчарењето луѓе. Синоќа се уапсени четворица криумчари.