Еден национален ансамбл за фолклорни ора и песни не замина на натпревар поради тоа што нема менингококна вакцина. Дестинацијата каде се одржувал натпреварот според критериумите на Светската здравствена организација е во групата земји за каде мора да се прими оваа вакцинa.

-Ги прашавме и директно во министерството за здравство, одговорот беше засега нема поради тоа што сеуште не е завршен тендерот, вели нашиот соговорник.

Понудите од тендерот согласно роковите во постапката беа отворени на 4 февруари. Според пишувањата на медиумите пријавени биле пет компании, меѓу кои и „Македонија лек“, кои понудиле зделки на министерството за здравство за набавка на вакцини, раствори за вакцини и други трошоци поврзани со имунизацијата. Целиот тендер тежи 10 милиони евра, а меѓу нив е и набавка за вакцини против морбили. За сите делови од тендерот за набавка на разни вакцини, меѓу кои и оние против морбили, се пријавија пет фирми: „Македонијалек“, „Феникс фарма“, „Елбијор“, „Пановски“ и „Алкалоид конс“.

Неколку дена по ова следеше кратка изјава од министерот Венко Филипче во која само рече дека постапката е во тек.

Упатените коментираат „ако продолжи целата постапка во оваа насока како што почна уште со морбилите и епидемијата, тогаш ќе нема вакцини ниту за аџиите кои летово, поточно во јули ќе одат на аџилак“.

И според упатството на МНР кое е во согласност со Светската здравствена организација при патување на одредени дестинации како земји во Африка, Азија патниците мора да примат соодветни вакцини.