Празните флоскули и лични навреди кои ги користи Шекеринска притоа злоупотребувајќи го официјалниот профил на Министерството за одбрана, кое е институција на граѓаните, а не лична своина на Шекеринска и нејзиниот ПР тим, се доволен показател дека сакаат да ја сокријат вистината и да го пренасочат наративот, вели универзитетскиот професор по одбрана и безбедност Александар Нацев

На овој проѕирен обид за манипулација, ќе одговорам со дополнителни прашања до министерката, како прво одговорна во Министерството за одбрана:

1. Како се дозволило припадници на АРМ да заминат на мисија, а да не поседуваат безбедносни сертификати

2. Дали на дел од припадниците на АРМ кои се упатени во мисијата “RESOLUTE SUPPORT” во Авганистан, додека се таму им прекинала важноста на НАТО безбедносните сертификати

3. Дали на овие припадници им е забрането движење низ базата, а некои од нив немаат можност да го користат ресторанот за прехрана

4. Дали нашиот контингент има добиено опомена од надлежните безбедносни авторитети во базата, заради ваквата безбедносна неажурност

5. Дали најстариот национален претставник на нашиот контингент навремено го има известено раководството на Министерството за одбрана за ваквата ситуација

Обидот за лична дискредитација повеќе не ви поминува, македонската јавност заслужува одговори!, пишува Нацев на Фејсбук