Годишната просечна цена на нафтата во 2017 година ќе биде околу 50 долари за барел, изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак.

– Според мое мислење, во 2016 година цената може да балансира од 40 до 50 долари. Што се однесува до изгледите за 2017 година, просечната цена ќе биде околу 50 долари, можеби и малку над тоа.Многу нешта зависат од финансиските фактори, од ставот на американската Фед кон стапката за рефинансирање. Сметаме дека цената на нафтата е многу зависна од позицијата на доларот во кошницата на валутите, рече тој.