Потпишување спогодба за соработка меѓу Македонија и Косово во областа на образованието и науката била главна тема на работната средба на замениците-министри за образование од двете земји, Сафет Незири и Нехат Мустафа, што се одржа во Скопје. МОН информира дека Незири и неговиот косовски колега Мустафа се согласиле дека спогодба меѓу двете министерства во иднина ќе поттикне соработка во областа на природно-математичките, техничките, биотехничките, медицинските, општествените и хуманистичките науки.
– Исто така, ќе се зајакне и соработката меѓу високообразовните установи на двете земји, ќе се обезбедат стипендии за ученици и студенти, студиски престои, можност за следење на последипломски, докторски студии во двете земји како и стручно усовршување на кадри, соопшти Министерството за образование и наука.