Резултатите на една австралиска студија за истражување на антиканцерогените својства на пчелниот отров и неговата основна компонента – мелитин на различни видови клетки на рак на дојка , покажаа дека тој „исклучително ефикасно“ ги уништува.

Колаборативната студија на Институтот за медицински истражувања Хари Перкинс и Универзитетот во Западна Австралија користеле отров од 312 медоносни пчели и бумбари за да ги испитаат неговите антиканцерогени својства на клинички подвидови на рак на дојка, вклучително и троен негативен карцином на дојка (TNBC), во кои опциите за третман се ограничени.

Членови на австралискиот тим, предводени од млад научник Др. Сиара Дафи, откриле дека отровот и неговата главна компонента мелитин не само што брзо предизвикаа смрт на „троен негативен карцином на дојка и клетки на рак на дојка HER2“, туку успеале да го постигнат тоа во концентрации што не им штетат на нормалните клетки.

TNBC е редок облик на рак на дојка и опфаќа само 10-15% од сите случаи, соопшти Институтот. Тоа е вид на рак на дојка во кој рецепторите на естроген и прогестерон не се присутни на површината на туморските клетки, ниту, пак, ХЕР2 протеинот е премногу експресиран. Затоа, механизмите што го поттикнуваат растот и поделбата на овој вид рак се генерално непознати и затоа овој вид на рак е крајно тежок за лекување. Во моментов нема клинички ефективни третмани за TNBC, опциите за третман се ограничени, а прогнозата честопати е лоша.

“Откривме дека отровот од пчела е исклучително моќен. Откривме дека мелитинот успева да ги уништи мембраните на клетките на ракот во рок од 60 минути”, напиша денеска др. Дафи во објава на веб-страницата на Институтот.

Во исто време, мелитинот имал уште еден извонреден ефект – за само 20 минути, значително ги намалил хемиските пораки на клетките на ракот, клучни за растот и поделбата на клетките на ракот.

Австралискиот научник, проф. Питер Клинкен, коментира дека студијата сугерира дека мелитинот успева да ги наруши сигналните патишта во клетките на дојката и со тоа да спречи размножување на клетките.

Студијата тестирала дали мелитинот може да се користи во комбинација со постоечките хемотерапевтски лекови за лекување на високо агресивни видови на рак на дојка.

Д-р Дафи објасни како таа и колегите откриле дека мелитинот создава дупки во мембраните на клетките на рак на дојка, потенцијално дозволувајќи им на другите третмани да влезат во клетките на ракот за дополнително да влијаат на уништување на клетките.

Техниката на комбинирање на „мелитин и доцетаксел (хемотерапевтски лек) се покажала како исклучително ефикасна во намалувањето на растот на туморот кај глувците“, рече Дафи.

Резултатите од студијата се објавени во стручното списание Nature Precision Oncology.