Добра вест за сите љубители на пржена храна која доаѓа од Универзитетот во Гранада, чие истражување е објавено во списанието Food Chemistry, сугерира дека некоја пржена храна, особено зеленчукот, може да биде поздрава од варена, но само ако се пржи на маслинов зејтин.

Научниците од Универзитетот во Гранада дошле до сознанија дека пржениот зеленчук како што е домат, тиквички, модер патлиџан или компир, во суштина се поздрави за конзумирање. Тајната е во тоа дека мора да се пржат на екстра девичанско маслиново масло, кое содржи најмалку 30 фенолички состојки, а тие се антиоксиданти кој го намалува ризикот од бројни канцерогени и други заболувања.

Откако научниците испробале четири различни техники на готвење – длабоко, готвење, динстање, варење во вода и готвење во комбинација вода и масло – дошле до заклучок дека пржениот зеленчук, како и динстанто на масло, апсорбирало некои антиоксиданти кои се наоѓаат во маслиновото масло. Таквите промени не се забележани кај зеленчукот готвени во вода.

Но од друга страна, поголемо ниво на антиоксиданти во храната не значи нужно дека таа храна подобра за нас во секој поглед бидејќи внесуваме во организмот многу повеќе масти и калории, затоа додека уживате во неа, правете го тоа во умерени количини.