Новиот директор на Агенција за млади и спорт и поранешен ракометар, Наумче Мојсоски е позитивен на коронавирусот.

Веста ја потврди самиот на ФБ со апел граѓаните да внимаваат за празниците.

Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на Ковид – 19. Ви моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор.

Чувајте се и почитувајте ги мерките.

Пред нас се денови кои досега сме ги празнувале со пријателите, поширокото семејство, надвор од дома.

Мојот апел до вас пријатели е да направите се` да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашите најблиски.

Да празнуваме одговорно!

#НосиМаска #ДржиДистанца #НеСеГрупирај #ПразнувајОдговорно, напиша Мојсоски

Драги пријатели, Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се…

Posted by Naumce Mojsoski on Tuesday, December 22, 2020