x

Наумовски: Ќе биде тешко со Струга ТЛ, но Шкупи веќе нема право да губи бодови!

naumovski

Утре на стадионот на ФФМ, со почеток од 13 часот, Шкупи во меч од последното 18.коло во есенскиот дел од ПМФЛ, како домаќин го дочекува одлишниот состав на Струга ТЛ. Секако дека по двете ремија, со Вардар и Ренова, тие три бода за многу важни за тимот од Чаир.

Со тоа се сложува и голманот на Шкупи, Кристијан Наумовски кој за клупскиот сајт во пресрет на утрешниот дуел со стружани истакна…

Ќе биде тешко со Струга ТЛ, тоа е екипата која многу ни должи, имено познато е дека е на првиот меч сезонава на нејзин терен загубивме со 0:2, па така сега сакаме да ги вратиме тие бодови. По двете ремија со Вардар и Ренова екипата на Шкендија ни избега цели шест бодови, па од таму велам дека Шкупи нема прави веќе да губи бодови. Ние ја почитуваме екипата на Струга Трим Лум, тоа е тим со многу искусни играчи, предводени од многу добар тренер, сепак како што реков немаме многу избор освен да победиме. Сакаме со победа да затвориме оваа полусезона и да ги израдуваме нашите верни фанови“ изјави голманот на Шкупи.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата