Универзитетскиот професор и поранешниот вицепремиер за европски интеграции и амбасадорот во САД Васко Наумовски во интервју за КУРИР вели нашата влада за клучните надворешно-политички прашања преговарала и на паркинзи во Дојран.

Кога се работи за преговори за за меѓународни договори, природно е тој процес да биде инклузивен, да ги вклучи сите експерти во областите коишто се предмет на договорот, како и да се обезбеди широка поддршка од политичките партии. Со цел да биде долгорочно поставена и успешна, надворешната политика треба да биде ослободена од различни партиски толкувања, односно да биде, колку што е можно, поддржана од најзначајните политички фактори. На тој начин, и самата влада ќе има посилни преговарачки позиции, а сите партии ќе имаат удел во успехот или неуспехот од процесот. Наместо тоа, сведоци сме дека нашата влада за клучните надворешно-политички прашања преговарала и на паркинзи во Дојран. Несериозниот пристап, тежнеењето да се затворат прашањата што побрзо, и дневно-политичкиот пристап во надворешната политика ги даваат овие резултати.

Во конкретниот случај, ќе споменам само една изјава на бугарскиот министер за одбрана, Каракачанов, кој пред неколку месеци даде интересен опис: “Македонските политичари на маса се многу добри Бугари, но станува тешко кога треба да се донесат одлуки“. Односите со Бугарија ниту започнале, ниту ќе завршат со овој Договор, и нужно е да имаме долгорочен пристап во односите со оваа соседна држава. Прашањата што се дел од овие односи не се дел од дневната политика, и би било потребно да се поставиме крајно сериозно, без импровизации, и со искрени намери – кон себеси и кон соговорниците, вели Наумовски.

Целото интервју можете да го прочитате на Курир.мк.