x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Џенова одамна нема победа во „дерби дела Лантерна“

mec-na-denot

Вечерва убаво дерби во италијанската Серија А. Во рамките на 35. коло се среќаваат Сампдорија и Џенова, градските ривали. „Дерби дела Лантерна“ зад затворени врати. Сампдорија по поразот од Аталанта, врза три победи и лежи сигурно на 13. место на табелата. Иако тоа не е некој успех, но со оглед на променливите партии ова место е одлично.

Џенова никако да се одлепи од дното. И тие играат топло-ладно, па се доведоа до позиција да стравуваат за опстанокот. Во последните четири кола билансот им е пораз-победа-пораз-победа. Затоа имаат 33 бода четири повеќе од првиот што е под црвената линија – Лече.

До крајот има четири кола, па Џенова не смее да се опушти. Победа во дербито широко би им ја отворило вратата за опстанок што беше главна цел на клубот уште пред почетокот на вториот дел на сезоната.

Сампдорија ги доби претходните два меѓусебни дуели (1:0 и 2:0), а нема пораз седум дуели. Џенова последен пат славела во мај 2016 година со 3:0.

Сампдорија е благ фаворит поради подобрата форма, но во градските дуели тоа ништо не мора да значи. Џенова е мотивирана да гризе па очекуваме интересна игра и голови.

СЕРИЈА А
САМПДОРИЈА – ЏЕНОВА
Среда, 21:45 ч.
НАШИ ПРЕДЛОЗИ: 1ппХ или ПГ2

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата